Hi5

Еден од најизговорените зборови во ова модерно време е “social network” (друштвени мрежи), но што всушност значи тој поим? Типично, “social network” е сервис кој овозможува одржување на фамилијарните, пријателските и бизнис врските. Зошто некој би сакал да учествува во некоја таква мрежа? Која е големата атракција? Голема причина поради која “social networks” се толку популарни e тоа што им овозможува на луѓето лесно да ги одржуваат контактите со пријателите. Идејата е да имаш едно место преку кое можеш да контактираш со секого во твојата лично креирана мрежа од пријатели. Секако, проблем е тоа што има многу такви мрежи па е скоро невозможно сите твои пријатели да се во една иста мрежа. Такви мрежи се: Facebook, Bebo, YouTube, MySpace, Hi5 итн. и тие меѓусебно не се поврзани. Овој сервис се фокусира на градењето и проверувањето на “online social networks” за групи од луѓе кои делат исти интереси и активности или пак за тие кои се заинтересирани за истражување на интересите и активностите на другите. Повеќето “social networks” сервиси се веб базирани и обезбедуваат интеракција меѓу корисниците на различни начини, како што е разговор, пораки, е-мајл, видео, гласовен разговор, делење на датотеки, поставување на блогови, дискуциони групи итн.   Hi5.com – Who is in? Hi5.com, пуштена во работа во крајот на 2003 година, е масивна друштвена мрежа слична на MySpace.com. Со над 50 милиони корисници од целиот свет, Hi5 е една од најголемите “social networking” веб страници и една од оние кои најбрзо се шират. Оваа веб страница е позната како едно одлично собиралиште за запознавање на нови пријатели и задржување на врските со старите, особено кај младите луѓе.


Како работи?

Како и повеќето “social networks”, и на Hi5 сите нови корисници креираат сопствен профил. На почетокот се внесуваат само најосновните информации за корисникот како што се име, пол, локација, е-маил, лозинка и слика. Откако профилот е успешно креиран корисникот се најавува со својот е-маил и лозинка. Секој профил има свој DNS кој корисникот го има избрано и е од типот username.hi5.com. Пр. http://alek-alekmk.hi5.com Корисникот го има креирано профилот и е спремен да запознава нови пријатели испраќајќи им “friend requests”. Другите корисници можат да ја прифатат понудата, да ја одбијат или пак да го блокираат корисникот повеќе да не може да го посетува нивниот профил. Ако корисникот прифати понуда од друг корисник да бидат пријатели, тие се поврзуваат меѓусебно. Поврзаните корисници се појавуваат на листите на пријатели. Во една корисничка мрежа може да има три видови на пријатели и тоа: прв вид на пријатели или најблиски пријатели; втор вид на пријатели или пријатели на нивните најблиски пријатели и трет вид на пријатели или пријатели на пријателите на нивните најблиски пријатели. Корисникот може да контактира со секого во неговата лична мрежа било да се прв или трет вид на пријатели. Како заштита секој корисник може да избере само пријателите да го разгледуваат неговиот профил или пак секого кој ќе пристапи на Hi5 да може да го разгледува неговиот профил. Особините на Hi5 се прилично стандардни т.е. слични се со другите “social network” веб страници. Корисниците можат да даваат коментари на профилите, да поставуваат теми на огласните табли, да се приклучуваат на групи и да праќаат пораки на други корисници. Hi5 исто така има основни алатки за креирање на блогови кои се наоѓаат во “Journal” делот, но изгледа дека ретко се користи. Hi5 овозможува за поискусните корисници да вметнуваат HTML кодови, освен JavaScript, во нивните профили или во коментарите кои ги оставаат на своите пријатели. Популарна особина е поставување на фотографии: корисниците можат да искористат 1GB меморија за да креираат до 100 албуми, а капацитетот на секој албум е 50MB и може да содржи максимално 250 фотографии. Исто така популарни се т.н. Flash-powered chatrooms (места каде што повеќе корисници разговараат во реално време), кои се базираат според локации или интереси. Уникатна особина на Hi5 е можноста да се даваат т.н. “Fives” на другите корисници. Всушност, тоа се слики кои ја опишуваат личноста на некого или врската со корисникот кој дава “Five” – на пр. “Best friend”, “Better Half”, “Brother”, “Classmate”, “Nerd”, “Party Animal”, “ Diva”, Super Cool” итн. Ако корисник прифати “Five”, ке се појави на неговиот/нејзиниот профил. На Hi5 корисниците имаат можност да креираат повеќе “playlist”- и во кои ќе ги ставаат своите омилени песни, па посетувачите ќе можат да ги слушнат. Ова се само едни од попопуларните особености кои ги нуди Hi5, за да ги дознаете сите други можете да ја посетите веб страницата.

Сервер

Серверот на кој е хостирана оваа веб страница е Apache. Тоа е сервер кој се користи најчесто за хостирање на веб страници. Креиран е на 27.06.1996 година, а истекува на 26.06.2014 година. Имињата на серверот се: NS1.HI5.COM; NS3.HI5.COM; NS6.HI5.COM. IP адресата на овој сервер е 204.13.51.242, а локацијата на која е сместен серверот е во USA/California/San Francisco/Sona Networks. Интересен податок е дека IP адресата на оваа веб страница е менувана 18 пати во последните 3 години. DNS адресата на оваа страница е www.hi5.com и во моментот е активна.

Тип на контролен код

Hi5.com е страница изработена со помош на XHTML 1.0 Transitional користејќи Cascading Style Sheets (CSS) како и JavaScript. XHTML 1.0 Transitional е истиот како HTML 4.01 Transitional, само што користи XML синтакса. Подржува се исто како и XHTML 1.0 Strict, но исто така и дозволува користење на бројни елементи и атрибути во редослед полесен од преминот од HTML 3.2 и предходните верзии. Тоа вклучува center, u, strike, and applet. Cascading Style Sheets (CSS) е т.н. “stylesheet” јазик користен да ја опише презентацијата на еден документ пишуван во “markup language”. Таа наједноставна апликација е користена за стилизирање на веб страниците пишувани во HTML. JavaScript е скриптивен јазик најчесто користен за клиентски ориентирани веб страници. Вистинското име му е ECMAScript, но општо користено име меѓу сите корисници е “JavaScript”.  

Заклучок

Значи, идејата за создавање на овој тип на веб страница била луѓето, осбено младите да се вклучат во таа “друштвена мрежа“, да контактираат со своите пријатели, со фамилијата, со познајниците и да запознаваат нов личности од цел свет. Идејата ја оправдува својата причина. Иако некои од особините на Hi5 се слични со другите веб страници од овој тип, сепак Hi5 располага со некои нови, интересни начини за комуникација, забава, привлечна за денешната младина. Со тоа го достигнува врвот на својата популарност. Посетеноста расте се повеќе и видливо отскокнува за разлика од другите такви веб страници. Тоа го покажуваат и истражувањата извршени месечно во период од една година.  

Преземено од "http://mk.wikipedia.org/wiki/Hi5"

fotele ogrodowe Apteka Zdjęcia zwierząt Szybkie odchudzanie wpaster zdjęcia ślubne Piekarniki Motywy literackie Blog informacyjny Rtv eutanazja katalog Suzuki Grand Vitara teksty piosenek Gry kick koparki Bułgaria wczasy Karaoke tani kredyt hipoteczny COOLsurf