|
АлатникДруги јазици
|
Бугарија
Бугарија (бугарски: България) е држава во југоисточна Европа, членка е на НАТО и на Европската Унија. Граничи со Црно Море на исток, со Грција и Турција на југ, со Србија, Република Македонија на запад, и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел на границата го зафаќа Добруџа. Бугарија зафаќа површина од 110.911,5 квадратни километри. Главен град на Република Бугарија е Софија, 1 189 994 жители. Други поголеми градови се: Пловдив (373 586), Варна (343 603), Бургас (210 954), Русе (173 952), Стара Загора (161 108), Плевен (135 170), Добрич (113 820), Сливен (111 301). [1]
Административна поделба на БугаријаОд 1999 г. Република Бугарија административно е поделена на 28 области, кои што се именувани по обласниот центар. Кон Северна Бугарија припаѓаат: Видинска, Монтанска, Врачанска, Плевенска, Ловечка, Габровска, Великотрновска, Русенска, Силистренска, Разградска, Трговишка, Шуменска, Добричка и Варнска, додека области во Јужна Бугарија се: Бургаска, Сливенска, Јамболска, Старозагорска, Хасковска, Крџалиска, Пловдивска, Смолјанска, Пазарџичка, Благоевградска (или позната и како Пиринска Македонија), Ќустендилска, Перничка, Софиска и, како посебна област, се вбројува и градот Софија. Во Бугариja има 264 општини. Историја на БугаријаПотекло на бугарската државностСредновековна Бугарија
Плиска - главен град на Првата бугарска држава
Бугарско царство (бугарски јазик: Българско царство) е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, во текот на кои таа била клучна регионална сила општо во Европа а посебно во Југоисточна Европа, којашто често се борела прoтив Византија. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија.
Кнежество БугаријаПочетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со Бугарската Егзархија, Априлското востание од 1876, Цариградската дипломатска конференциjа од истата година и Руско-Турската војна од 1877 - 1878 година. Војната ја започнала Русија со оправдување за „ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено. Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачуват мирот и добрите односи меѓу Турци и Бугари, али обидот тие да се помират со посебна конференциjа претрпел неуспех, бидеjки планот да се креират два автономни реона со границите на Бугарската Егзархија бил отфрлен од Османската Империjа. По многуте жестоки битки и бројни жртви во луѓе и материјални средства, руската армија успева да ја истисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на Балканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнината Истанбул. Немајќи друг излез, Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување на мировен договор. Русиja не ja завладеaла целата териториja на Турциja, зашто британската флота била пратена во Босфорот. Турциja се согласила, покрај Мизија и северна Тракија да ги отстапи поголемиот дел од Македонија. Овие територии требало да се вклучат во идната Бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русиja. На 3 март 1878 во местото Сан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот Санстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава скоро следејќи jа териториjата на Бугарската Егзархија. Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси. Само неколку месеци подоцна, во јуни 1878 година, во Берлин бил свикан Берлинскиот конгрес на кој било признато правото на Бугарија да постои како независно кнежество, но само во граници меѓу Дунав и Стара Планина и Софискиот санџак. Северна Тракија добила автономија под името Источна Румелија, со бугарска влада. Македонија била вратена под османлиска власт. Во 1885 година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала и Пиринска Македонија во 1913 година. Признавањето на одреден дел от територии на Балканот за бугарски преку опфатот на Бугарската Егзархија, Санстефанскиот договор (иако прелиминарен) и Цариградската дипломатска конференција ќе има долгорочни последици за бугарското општество. Тоа ќе има силно психолошко влијание врз бугарските политичари кои, поради него, Бугарија ја туркаа во конфликти со соседите, кои исто така претендираа на тие територии. Царство БугаријаЦарство Бугарија (Бугарски: Царство България) било царство во Југозападна Европа од 1908 до 1947. Престолнината на царството била во Софија. После Ослободуењето во 1878 според Берлинскиот договор Бугарија постанала "автономно трибутарно кнежество". Во Трновскиот Устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од Отоманската Империја, но тоа е факт според актите на меѓународното право. Истовремено по дипломатски и политички пат многу бугарски влади морале да ги негираат одредбите од Берлинскиот договор во однос на вазалноста кон Истанбул. На 22 септември 1908 година по анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и со подршката на Русија, Бугарија ја добила својата независност - Фердинанд прочитал тржествен манифест во старата престолнина Велико Трново. Променет бил и Трновскиот Устав, со којшто титулата на Фердинанд била променета од "кнез" на "цар" и соодветно официjалното именување на државата - од "Кнежество Бугарија" на "Царство Бугарија". После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронт на 9 септември 1944 година се организирал референдум за промена на формата на државното управување, на коj што бугарскиот народ гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот Устав на Народна Република Бугарија. Бугарија во Првата светска војнаПрвата светска војна е светски конфликт што се одвива од 1914 до 1918 и започнува во Европа. На страната на Централните сили покрај Австро-Унгарија, Германското Царство и Отоманската Империја учествува и Бугарија, против сојузничките сили на чело со САД, Руската Империја, Франција, Британската Империја и Италија. Бугарија во Втората светска војнаВтората Светска војна е глобален конфликт што почнува на 7 јули 1937 година, во Азија, и на 1 септември 1939 во Европа и трае до 15 август 1945 со капитулацијата на Јапонија. Втората Светска војна ги зафати мнозинството на земји во светот на секој населен континент. Речиси сите земји што биле вклучени во Првата Светска војна биле инволвирани и во Втората Светска Војна. Таа е најголемиот и најскапиот вооружен конфликт во светската историја. На страната на Силите на Оската, заедно со Германија, Италија и Јапонија учествува и Бугарија, наспроти сојузничките сили предводени од САД, СССР, Обединетото Кралство, Кина, Франција и останатите. Народна Република БугаријаБугарија по 1989 годинаНаселениеСпоред најновиот попис, вкупното население во Бугарија е 7 928 901 жители. Густината на населеноста е 71,9 жители на квадратен километар. Природниот прираст има индекс 5. Средниот животен век на луѓето во Република Бугарија е следниот: за мажи - 68 години; за жени - 75 години. Според официјалните државни извори најбројни се Бугарите со 83.9% од вкупното население. По нив по бројност следуваат Турците со 9.4%, па Ромите со 4.7% и друго население, претставено со 2% (вклучувајќи Руси, Ерменци и други народи). Иако во најголем дел асимиларини во бугарската нација, во Бугарија се зачувани остатоци и од Грци, Каракачани, Гагаузи, Власи и други етнички заедници. Најбројна религија е православното христијанство, што може да се види од следнава листа: христијани - 87 % (од нив православни - 98,8 %, католици - 0,6%, унијати - 0,1%, протестанти - 0,3%, ерменогрегоријанци 0,2%; муслимани - 12,7% (од нив сунити - 92,9%, алевити - 7,1%, други - 0,3%). Македонците во БугаријаСпоред официјалната државна статистика на Република Бугарија, околу 5.071 лица се изјасниле за Македонци по етничка припадност[2]. Но се претпоставува дека бројот е многу поголем.[се бара извор] СтопанствоЕкономска историjаСо пропаѓањето на комунистичкиот режим, заедно со него се растури и целиот економски систем на земјата.[3] Дел од обработливите површини се запуштени и сега земјоделството во стопанскиот живот на земјата учествува со околу 10%. Во почетокот на 90-те години, услужните дејности имаа удел од 25% , исто колку и земјоделството, а индустрија учествува во вкупното стопанство учествуваше со 60%. Сега услужните дејности зафаќаат околу 60% од вкупната економија, 10% е земјоделство, и околу 30% е индустријата. [4] Индустрискиот раст е 7% (2005).[5] При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатија од страна на новите сопственици имаше големи отпуштања на работници. Како резултат на тоа се зголеми невработеноста, која во одредени периоди достигнува и до 19%. Актуелна економиjаЕкономскиот пораст за 2007 година е 6,2%.[6] Бруто-домашниот производ (номинал) за 2007 има раст од 6% и изнесува 28,9 билиони евро[7], кое дава по глава на жител 3753,5 евро.[8] Во последните години има реално намалување на невработеноста во Бугарија, што се должи на отворањето на нови работни места и во почетокот на 2008 изнесува 5,8%.[9] Странските инвестиции за 2007 се 5,5 билиони евра, со кое Бугариjа е на седмо место во светот во однос на инвестиции кон бруто внатрешен производ.[10] Растот на реалните доходи за истиот период е околу 4% годишно. Трговска размена
Поглед на планината Пирин
До 1989 година Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски сојуз (80%) и другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Сега 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2.5% со САД, а останатиот дел со другите земји, меѓу кои е и Македонија. ТуризамНајголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат и културниот, селскиот и други алтерантивни форми на туризам. СообраќајПоради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности. Низ Бугарија поминуваат некои од најзначајните сувоземни коридори на Балканскиот Полуостров. КултураМузикаВизен режим со Република МакедонијаОд 1 јануари 2007 на македонските граѓани потребна им е виза за да може да патуваат во Бугарија. Виза не е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи двострано. [1] Литература
Извори
Видете исто такаНадворешни врски
Ајтос · Асеновград · Ахтопол · Балчик · Белоградчик · Берковица · Ботевград · Банско · Благоевград · Бургас · Бјала (Варненска област) · Бјала (Русенска област) · Варна · Велико Трново · Велики Преслав · Велинград · Видин · Враца · Габрово · Горна Орјаховица · Гоце Делчев · Димитровград · Добрич · Дупница · Казанлак · Карлово · Карнобат · Китен · Крџали · Ќустендил · Ловеч · Лом · Мало Трново · Мелник · Монтана · Несебар · Нова Загора · Пазарџик · Панаѓуриште · Перник · Петрич · Пештера · Плевен · Пловдив · Поморие · Попово · Приморско · Провадија · Разград · Русе · Сандански · Самоков · Свиштов · Севлиево · Сливен · Сливница · Силистра · Смолјан · Созопол · Софија · Стара Загора · Тројан · Трговиште · Харманли · Хасково · Царево · Чепеларе · Јамбол · Шумен · Шабла Галерија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||