|
|
|
Аниме
Аниме (アニメ, Anime) се однесува на стилот на анимација кој потекнува од Јапонија. Аниме-то најчесто се емитува на ТВ или се продава на DVD после нивното емитување или директно како оригинална видео анимација (OVA - original video animation, ). Понекогаш и игрите наменети за компјутер или за разните гејмерски конзоли содржат делови или сцени кои би можеле да се окарактеризираат како аниме (попознати како синематици, ако некој не е упатен). Еден мал дел од сите манга стрипови се адаптира во аниме (оној кој заслужил по оригиналност, приказна и начин на цртање, кој едноставно мора да се види), често во соработка со оригиналниот автор на манга-та. На ист начин се развиваат и компјутерски игри (за жал најмногу за конзоли, многу, многу ретко за PC). Често, заради подобар ефект, манга-та и аниме-то со исти карактери, имаат ист почеток, но во даден момент приказната скршнува во друг правец, па и завршува поинаку. Најчесто, ако значи дека е емитувана последната епизода од аниме серијата, не значи дека е издадена последната глава од манга стрипот. Некогаш меѓу нив има години разлика. Кон популарните аниме наслови често се приклучуваат и долгометражни цртани филмови (кои добиваат делови, како што добива Роки, Терминатор, или Умри машки, негокаш и дури 13 дела во случајот со Dragonball), а понекогаш и играни филмови и телевизиски програми (некои, случајно, се навистина добри). |