|
|
29 септември
Шаблон:Септември 2008
29 септември е 272-иот ден во годината според григоријанскиот календар (273-и во престапна година). Остануваат 93 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1938 |
Британија, Франција, Нацистичка Германија и Фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор. |
| 1941 |
Почнало Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија. |
| 1991 |
Во селото Усје, скопско е осветена црквата „Свети Атанасиј“. |
| 1993 |
Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции. |
Родени:
| 1758 |
Хорацио Нелсон, британски адмирал. |
| 1901 |
Енрико Ферми, италијански физичар. |
| 1904 |
Николај Алексеевич Островски, руски писател. Неговите дела се автобиографски карактер и во нив се зборува за животот и подвизите на младината во текот и по социјалистичката револуција во Русија. Романот „Како се калеше челикот“ станал класично дело на руската книжевност, доживувајќи повеќе од 200 изданија. Умрел во 1936 година. |
| 1912 |
Микеланџело Антониони, италијански режисер. |
| 1922 |
Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар. |
| 1936 |
Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер. |
| 1943 |
Лех Валенса, поранешен полски претседател |
| 1956 |
Себастијан Коу, британски атлетичар. |
| 1976 |
Андриј Шевченко, украински фудбалер. |
Починале:
| 1902 |
Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Во своите дела внел толкава енергија и страст, што тие често добиваат халицинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се романите „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Плодност“ и „Слом“. |
| 1914 |
Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликувал со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии. |
| 1930 |
Илја Репин, руски сликар. |
Празници:
|