|
|
1997
- 30 јануари – Собранието на Република Македонија го донесува Законот за јазиците на кои се изведува наставата на Педагошкиот факултет во Скопје
- февруари и март - Се одржуваат големи студентски и средношколски протести на Македонците.
- 6 март – ТАТ Штедилница – Битола е ставена под принудна управа на Народната банка на Македонија
- 19 април - Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално демократската партија.
- 22 април – По 126-дневна заложничка криза во јапонската амбасада во Перу, владините сили извршуваат напад при што заложниците се ослободени, а сите 14 бунтовници, членови на Тупак Амару, се убиени
- 1 мај – На парламентарните избори во Британија победува Лабуристичката партија, со што Конзервативната партија по 18 години владеење се повлекува од власт
- 16 мај – Мобуту Сесе Секо го напушта Заир
- 25 мај – Во Сиера Леоне е извршен воен удар
- 11 јуни – Челниците на Партијата за демократски просперитет на Албанците и на Народната демократска партија, Арбен Џафери и Илијас Халими, во Гостивар потпишуваат спогодба за обединување на двете партии во Демократска партија на Албанците
- 1 јули - Трансфер на суверенитетот над Хонг Конг од Велика Британија на НР Кина.
- 13 јули – Посмртните останки на Че Гевара се пренесуваат во Куба
- 8 јули - Усвоен е Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните институции.
- 9 јули - Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.
- 21 октомври - Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.
- 3 декември – Во Отава, Канада, 121 земја го потпишуваат Договорот за забрана на производството и употребата на антиперсонални мини. САД, Кина и Русија не го потпишуваат договорот.
- 30 декември – Во Скопје излегува првиот број на магазинот „Форум“
[уреди] Починале
Видете исто:
|