|
|
18 октомври
Шаблон:Октомври 2008 18 октомври е 291-иот ден во годината според григоријанскиот календар (292-и во престапна година). Остануваат 74 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1867 |
Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Аљаска за седум милиони и двесте илјади долари. |
| 1912 |
Во Лозана, Турција и Италија потпишале Договор за мир, со што завршила Италијанско - турската војна (1911-1912). |
| 1943 |
Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. |
| 1962 |
После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Беше предизвикана голема материјална штета. |
| 1967 |
Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. |
| 1972 |
Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и за наемнина. |
| 1994 |
Британската кралица Елизабета Втора за прв пат во петвековната соработка, допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин, изјави дека посетата е признание за руската демократија. |
Родени:
Починале:
|