Други јазици

Црна Гора

Црна Гора
Crna Gora
Знаме на Црна Гора Грб на Црна Гора
МотоЧовештво и храброст
Čojstvo i Junaštvo
ХимнаОј, свијетла мајска зоро
О, светла мајска зоро

Локација на Црна Гора
Црна Гора на картата на Европа
Главен град
(и најголем град)
Подгорица1
42°47′N, 19°28′E
Официјални јазици црногорски а во употреба се и: хрватски, албански и српски
Демоним Црногорец, Црногорка
Облик на управување Република
Независност Распаѓање на сојузот со Србија на 21 мај 2006 година 
 -  Вода (%) 1,5
Население
 -  јули 2007 проценка 684 736[1] (160.)
 -  2003 попис 620 145 
БДП (ПКМ) 2006 проценка
 -  Вкупен $3,443 милијарди 
 -  На жител $5,028 
БДП (номинален) 2006 проценка
 -  Вкупен $2,27 милијарди 
 -  На жител $3,315 
ИЧР (2004) 0,788[2] (средна) (72.)
Валута Евро3 (EUR)
Часова зона CET (UTC+1)
 -  Лето (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Интернет домен .me (.yu)4
Повикувачки број +382
1 Престолнината и поранешниот главен град на Црна Гора е Слика:Grb-Cetinja.gifЦетиње.
2 Сметан за дијалект на српскиот јазик.
3 Прифатена само еднострано. Црна Гора не е формална членка на Еврозоната.
4 .me влезе во употреба од септември 2007. Суфиксот .yu

Црна Гора е мала, планинска држава на Балканот, на Јадранско Море. Според нејзиниот устав таа е демократска, социјална и еколошка држава. Црна Гора, просторно и по бројот на жители најмала република од поранешна СФРЈ, географски припаѓа на среден Медитеран, односно Јужна Европа. Се простира на речиси 14.000 километри и според податоците од 1998 години во неа живеат повеќе од 650.000 жители.

Со Уставот на Црна Гора од 1992 година Цетиње е прогласено за престолнина, а Подгорица за главен град.

На југоисток Црна Гора се граничи со Албанија, на југ од Италија ја дели Јадранското Море, а на запад соседи и се поранешните југословенски републики Хрватска и Босна.

Повеќе векови Црна Гора била де факто независно кнежество владеена од повеќе династии. Републиката се здобива и со де јуре меѓународно признавање на нејзината независност, по Источната Криза (1875 - 1878), на Берлинскиот Конгрес. На 28 август 1910, црногорскиот кнез Никола Петровиќ Његош се прогласува за крал.

После Првата светска војна Црна гора станува дел од Кралството на сбри, хрвати и словенци (од 1928 - Југославија). Помеѓу 1945 и 2003 Црна Гора е република на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија, респективно, а од 2003 до 2006, составен дел од Србија и Црна Гора. По одржаниот референдум на 21 мај 2006 година и по мнозинското изјаснување за независност, Црна Гора на 3 јуни ја обнови својата независност. Според официјалните податоци вкупно 55,5% од граѓаните со право на глас, гласале за независнот од постоечката државна заедница.

Земјата граничи со Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина (Република Српска) и Албанија и српската покраина Косово.

Поголеми градови во Црна Гора се: главниот град Подгорица (139.100 жители), Никшиќ (61.700), Плевља (18.800) и Бијело Поле (17.100). Поранешниот кралски главен град е Цетиње.


Содржина

[уреди] Етнички состав

  • 40,64% Црногорци,
  • 30% Срби,
  • 9,41% Бошњаци,
  • 7,09% Албанци,
  • 4,27% муслимани,
  • 1,05% Хрвати и
  • 0,43% Роми.

[уреди] Вероисповед

  • 69,1% православни,
  • 19,1% се припадници на исламската вера,
  • 4,4% се католици и
  • останати - 7,4%.


[уреди] Надворешни врски

[уреди] Референци


Zdjęcia ślubne Tworzenie Stron www Śmieszne filmy Kołki rozporowe katalog suplementy Opisy gg Pozycjonowanie Stron hp 36a Euro2008 pozycjonowanie strony phone cards skuteczne odchudzanie Tusze do drukarek Oferty Nieruchomości kick koparki Bułgaria wczasy Karaoke tani kredyt hipoteczny COOLsurf