Хордати

Хордати

Голема бела ајкула
Систематика
Биоцарство: Животни (Animalia)
Потцарство: Многуклеточни животни (Metazoa)
Инфрацарство: Ткивни животни (Eumetazoa)
Тип: Chordata
Поттип: Мантиести хордати (Urochordata или Tunicata)
Поттип: Бесчерепни хордати (Cephalochordata)
Поттип: ‘Рбетници или черепни хордати (Vertebrata)
Класи, поткласи, инфракласи и редови на ‘рбетници

Хордатите односно хордовите животни се најсложено градени животински организми. Еден од нивните главни белези е присуството на хорда (од каде доаѓа и името), расположена во внатрешноста на телото, грбно по целата телесна должина. Формирана е од особено сврзно ткиво, наречено хордово ткиво, чии големи и вакуолизирани клетки се исполнети со течност, со што хордата се здобива со цврстина и еластичност. Како потпорен орган таа функционира во текот на целиот живот само кај најнижите хордови животни, како амфиоксусот на пример. Кај круглоустите и дел од рибите, хордата е уште подобро развиена, а кај вишите хордати таа е редуцирана и заменета со ’рбетен столб. Втор карактеристичен белег е положбата и посебниот тип на нервен систем. Тој има грбна положба во однос на хордата, има цевчеста форма типична за хордатите и настанува со увртување на ектодермот во вид на надолжен жлеб, кој подоцна се затвора во цевка. И трет белег е што органите за дишење се развиваат од предното црево во вид на парни испакнатини на кои се наоѓаат парни странични отвори - жабрени цепнатинки. Кај нижите хордати тие постојат целиот живот, додека кај вишите се јавуваат само во почетните фази од ембрионалниот развој.


Zespoły muzyczne Informator medyczny Księgarnia Porównanie Lokat kierownik budowy karty kredytowe Noclegi Rowy Doładowanie surowce-ciast Fakturowanie Canon G9 kuchnie do zabudowy kostiumy erotyczne Hosting Forex kick koparki Bułgaria wczasy Karaoke tani kredyt hipoteczny COOLsurf