Старомакедонски јазик

Старомакедонски јазик
Зборуван во: Античка Македонија
Исчезнување: Кон III в. пр. Хр.
Јазично семејство: Индоевропско (?)
 Старомакедонски јазик
 
Писмо: Старомакедонска азбука
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: -
ISO 639-3: xmk

Старомакедонскиот или Античкиот македонски јазик е јазикот на античките Македонци. На овој палеобалкански јазик зборувало населението во Античка Македонија, во текот на Ι милениум пр. Хр.. Веројатно, неговата употреба била претежно концентрирана во внатрешните региони, подалеку од брегот.

Сознанијата за овој јазик се многу скудни, бидејќи не постојат сочувани текстови, неспорно напишани на него, макар што, од античките извори е собран еден корпус автентични македонски зборови, главно од натписи врз монети, и од лексиконот на Хесихиј Александриски (5-тиот век), кој содржи околу 700 зборови и имиња.

Содржина

[уреди] Карактеристики

Асиметрично озвучување на гласовите
Асиметрично озвучување на гласовите
Табела со асиметрично обележување на гласовите
Табела со асиметрично обележување на гласовите

Како што рековме, многу малку се знае за овој јазик. Тоа што се знае е изведено само од зборовите кои ги имаме. Тука можеме да видиме гласовни преломувања карактеристични за протоиндоевропскиот јазик (ПИЕ), напишани како β, γ, δ за разлика од сите грчки дијалекти кај кои се нечујни, сведени на φ, χ, θ.

  • Македонскиот збор δανός дáнос ('смрт', од протоиндоевропскиот (ПИЕ) *dhenh2- 'напуштање'), споредено со обичниот грчки збор θάνατος тáнатос
  • Македонскиот збор ἀβροῦτες аброутес или ἀβροῦϜες аброувес за разлика од обичниот грчки збор ὀφρῦς офрус или 'веѓи'
  • Македонскиот збор Βερενίκη Вереникē за разлика од обичниот грчки збор Φερενίκη Ференикē, 'победоносен'
  • ἄδραια адраја ('bright weather'), за разлика од обичниот грчки збор αἰθρία аитриа, од ПИЕ *h2aidh-
  • βάσκιοι бáскиои ('називи'), од ПИЕ *bhasko
  • Според Хдт. 7.73 (ц. 440 п.н.е.), македонците велеле дека григијците биле наречени Бригои пред да мигрираат од Тракија во Анадолија (околу 1200 п.н.е.).
  • μάγειρος мáгеирос ('месар') бил позајмен од дорскиот во атичкиот. Виторе Писани вели дека овој збор е од првобитно македонско потекло, кој изгледал вака: μάχαιρα мáхаира ('нож', <ПИЕ *magh-, 'борење')

Истиот третман може да се види во другите палеобалкански јазици, како на пр. фригискиот бекос ('леб'), илирскиот багарон ('топол'), но атичкиот φώγω фōгō ('пече'), сите од ПИЕ *bheh3g-. Бидејќи сите ови јазици ни се познати преку грчката азбука, која нема знаци за гласовни аспирации, не се знае дали деаспирацијата навистина се случила, или β, δ, γ биле земени како најблиските букви за изразување на гласовните аспирати.

Доколку γοτάν готáн ('прасе') е сродно на *gwou ('стока'), тогаш ова индицира на лабиоверларите биле или недопрени, или се споиле со веларите, за разлика од грчкиот третман (атички βοῦς боус). Меѓутоа вакви деривати, не се непознати во грчките дијалекти; споредете го дорскиот (спартански) збор γλεπ- глеп- за обичен грчки βλεπ- блеп-, како и за дорски γλάχων глáchōn and јонски γλήχων глēхōн од обичен грчки βλήχων блēхōн.[1]

Ред примери укажуваат на тоа дека веларните со време станале безгласни, особено при почетокот на зборовите: κάναδοι кáнадои, 'челуст' (<ПИЕ *genu-); κόμβους кóмбус, 'катници' (<ПИЕ *gombh-); во рамките на зборовите: ἀρκόν аркóн (атички ἀργός аргóс); македонскиот топоним Акесаменаи, од пиеријанското име Акесаменос (ако Akesa- се изведе од грчкиот збор агасомаи, агамаи, „вчудоневидува“; споредете го тракиското име Агасаменос).


[уреди] Толкувања

Античкиот македонски јазик не само што бил засебен јазик од грчкиот, туку доаѓа од сосема друга индоевропска гранка на јазици, различна од хеленската група. Јазикот не бил особено близок на грчкиот. Географски, јазикот отсекогаш се зборувал на Балканот, помеѓу Илирија на запад и Тракија на исток.

Некои лингвисти имаат хипотеза дека лингвистички, македонскиот бил некаде помеѓу илирскиот и тракискиот јазик - еден вид на средина која ги поврзувала двете. Оваа хипотеза е многупати оспорена со силни докази против неа.

Во секој случај, во античкиот македонски јазик има зборови кои немаат паралела во грчкиот, но имаат во другите индоевропски јазици. Постојат и зборови кои немаат никаква паралела во ниеден друг јазик, и веројатно се од прединдоевропско потекло.

Некои лингвисти го сметаат античкиот македонски јазик за дијалект на старогрчкиот или пак за засебен јазик во рамките на хеленската група на јазици. Ова се разбира, е мошне дискутабилно.

[уреди] Нови погледи кон јазикот

Денес, македонските научници Аристотел Тентов и Томе Бошески ја развиваат новата теорија за јазикот. Имено, според овие два научници старомакедонскиот јазик не е исчезнат како што се тврди во научата туку од него се развиле ветеските (словенските)јазици. Нивното откритие и тврдење се темели врз толкување, превод и дешифрирање на средниот текст на Каменот од Розета. Со развивањето на нов систем на дешифрирање, се добива добар превод и доста разбирлив на средниот текст со големи сличности со денешниот македонски јазик. Со таа теорија, која всушност е многу веројатна, се побиваат голем број на теории познати во науката како на пример потеклото на словените, потеклото на словенските јазици и демографската состојба на територијата на Балканскиот полуостров. Според нивното толкување, старомакедонскиот јазик е слоговно писмо и пишувањето е симетрично, асиметрично и косо. Натписи како тој на Каменот од Розета се пронајдени и во Македонија, како на пример археолошки пронајдоци во Велес, Битола и на други локации.[2]

[уреди] Видете исто така

Старомакедонска азбука

[уреди] Референци

  1. Albrecht von Blumenthal, Hesychstudien, Stuttgart, 1930, 21.
  2. http://rosetta-stone.etf.ukim.edu.mk/index.html

api sms kowalstwo artystyczne Darmowe Mp3 Zakopane Hotele Maszyny pakujące Kursy walut Kredyty samochodowe bielizna Pozycjonowanie Najlepsze Fundusze inwestycyjn Transport do USA Forum posts.com.pl bezpieczeństwo sieci gry Zespoły muzyczne kick koparki Bułgaria wczasy Karaoke tani kredyt hipoteczny COOLsurf