|
АлатникДруги јазици
|
Старогрчки јазик
Старогрчки јазик се однесува на фазата во историјата на грчкиот јазик која соодветствува си класичната антика, која се однесува на двата периода од грчката историја: архаична и класична Грција. Античкото доба на Грција обично го подразбира и хеленизмот (пост-класичното) доба; меѓутоа, овој период се одликува со своја сопствена фаза на развој на грчкиот јазик наречена Хеленски грчки јазик. За информации за грчкиот јазик пред создавањето на грчкото писмо, видете ги статиите микенски јазик и прото-грчки јазик. [уреди] Старогрчки дијалектигрчкиот јазик почнал да се создава во локални облици дури и пред преселбата на грчките племиња на територијата на Грција, но од друга страна, дијалектичките варијации настанале потоа. През историјата грчкиот јазик се состоел од разни дијалекти кои не важеле за некоја јасна исцртана територија. Дури и да важеле, тие постојано би се менувале заради честата миграција на хеленските народи. Според неговите лингвистички варијации, старогрчкиот јазик од архаичното и класичното доба се состои од следниве симболички дијалектички ограноци: Дијалектите во предкласичниот и класичниот период се писмено документирани уште од 8-миот век п.н.е, со тоа што истите сигурно се развиле доста пред тоа. Најстандардната формулација на предкласичните и класичните дијалекти ги дели истите во шетири до пет главни групи:
Сите гореспоменати дијалектички ограноци понатаму се делат на дијалекти, а секој дијалект пак, може да се подели во безброј локални идиоми. Поподробните статии на тема грчки дијалекти не навлегуваат во оваа идиомизација. Аркадо-кипарската група содржи дијалекти кои се најслични на Микенскиот грчки јазик и веројатно таа е неговиот директен потомок. Северозападните/Дорски варијанти се најразлични од сите други. Овие дијалекти си влијаеле еден на друг, така што неможат да се третираат со апсолутна стриктност. По освојувањата на Александар Македонски во 4-тиот век п.н.е, a се јавил нов интернационален дијалект наречен Коине или Обичен грчки јазик, кој главно се засновал на атичкиот, но бил повлијаен и од други дијалекти. Овој дијалект полека ги потиснал другите постари дијалекти, со исклучок на дорскиот дијалект кој до ден денес постои во облик на цаконскиот и Јужноиталијанскиот дијалект на современиот грчки јазик. Дорскиот исто така ги пренел своите аорски термини на речиси сите глаголи во демотскиот грчки јазик. Веќе во 7-миот век н.е, коинскиот дијалект полека се метафоризирал во средновековен грчки јазик. [уреди] Промена на звуциОвој звук се менува бидејќи прото-грчкиот јазик имал влијание врз сите грчки дијалекти:
Треба да се напомене дека /w/ и /j/, кога следат по само гласка, а не пред неа се комбинирале рано со самогласката за да направат дифтонг и затоа не се губеле. Губење на /h/ и /w/ по самогласка кои често биле придружувани од компензационо издолжување на претходната самогласка. Губењето на /j/ по согласка било придружувано од голем број на компплескни промени како дифтонгизација на претходна самогласка, палатализација или друга промена на претходната согласка. Примери:
[уреди] Надворешни врски |
||||||||||||||||||||||||||||||||