|
АлатникДруги јазици
|
Региони во ИталијаРегионите во Италија се управни единици со извесна автономија по Уставот од 1948, кој вели дека тој има за цел: да ја признае, заштити и унапредува локалната автономија, да се погрижи владините служби да бидат што помалку централизирани и да ги прилагодат принципите и законите восапоставувајќи автономија и децентрализација. Меѓутоа, пет региони (Фриули-Венеција Џулија, Сардинија, Сицилија, Трентино-Јужен Тирол и Вале д'Аоста) имаат специјален статут на автономија со свое регионално законодавство за извесни локални работи; основано на културата, географската местоположба и на присуството на важни малцинства. Другите 15 обични региони биле ефективно воспоставени во раните 1970-ти години. Секој регион има свој избран совет Giunta Regionale (извршен совет) на чело со директно избран претседател. Овој совет одговара пред генералниот совет и мора да си даде оставка (да се распушти) доколку изгуби на доверба кај генералниот совет. Регионите главно служат за децентрализација на државната машинерија. Уставната реформа во 2001 значително ја зголемила способноста на регионите, особено во врска со законодавната власт и најголемиот дел од државните контроли биле укинати. Во 2005 централно-десничарската влада на чело со Силвио Берлускони предложила крупна реформа во уставот во која се содржи големо зголемување на самоуправата во во здравството и школството. Во јуни 2006, предлозите, кои се тесноповрзани со владините партнери на Берлускони, Лега Норд, и гледани како пат кон фенерална држава, виле отфрлени на референдум со пропорција од 61.7% на 38.3%. Провинцијалните и општински влади работат по слични принципи: советите и изршните совети (giunte) провинциски претседатели или општински градоначалници. (Федерализмот) во регионалната автономија е голема политичка тема во последно време, несомнено потпомогната од поновите партии како Лега Норд.
[уреди] Видете исто така[уреди] Насдворешни врски
Абруцо • Апулија • Базиликата • Вале д'Аоста • Венето • Емилија-Ромања • Калабрија • Кампанија • Лацио • Лигурија • Ломбардија • Марке • Молизе • Пиемонт • Сардинија • Сицилија • Тоскана • Трентино-Јужен Тирол • Умбрија • Фриули-Венеција Џулија |