|
Алатник |
Прилеп
Слика:Prilep.jpg
Саат кулата ноќе
Споменикот на Александар Македонски.
Поглед на крстот поставен на Маркови Кули.
Прилеп (други форми: Parleap, Pirlepe и Perlepe) е град со 73 925 жители, зафаќа површина од 1 675 km2 лоциран во северниот дел на Пелагониската котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М5/Е65. Се наоѓа на 128 km (воздушна линија) од главниот град Скопје. Прилеп е познат како “градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до Кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван како Крале Марко). Прилеп е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975, и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и прилепско. Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп.
[уреди] Потекло на иметоСпоред Марко Цепенков до престолнината на Кралe Марко Варош почнале да се доселуваат луѓе и да градат куќи кои биле прилепени до ѕидините на Варош. Новиот град изгледал како ПРИЛЕПен на Варош па оттаму го добил името Прилеп. [уреди] НаселениеГрадот Прилеп има поволна демографска слика, бидејќи бројот на неговото население бележи константен прираст од околу 1000 жители на секој попис. Според пописот од 2002 година, во Прилеп живеат 66.246 жители и тоа:
[уреди] ИсторијаГрадот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово. Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самуиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самиул починал од срцев удар. По смртта на Самуил 4 века подоцна, во 1371 година, Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел Крале Марко (познат по своите надприродни сили и моќи, во народните преданија и приказни), кој и по доаѓањето на Турците се до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и југо-западна Македонија. Со доаѓањето на Турците, Прилеп од високоразвиен трговски град, се преориентира кон селското производство особено на тутун. Во Прилеп во 1564/65 година ќе се случи и првиот поголем бунт на македонскиот народ кон неподносливата турска власт, кога незадоволните Мариовци, ќе направат голем протест, проследен со нереди пред судот во Прилеп. Во XIX век, во Прилеп учителствувал големиот македонски преродбеник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифов и токму во овој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков (роден прилепчанец) ќе ја прифати идејата на преродбеникот за собирање на македонското народно творештво. Илинденското востание ќе има силен одглас во прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски војводи Петар Ацев и Крсто Гермов-Шаќир војвода. По Балканските војни и поделбата на Македонија, Прилеп крајно разурнат и разорен ќе влезе во рамките на кралството Југославија. Во Втората светска војна, токму во Прилеп на 11.10.1941 година со нападот на бугарската полициска станица ќе започне антифашистичкото народно востание против окупаторската власт. Поради големиот број на борци и жртви, кои Прилеп ги дал во Втората светска војна, градот по војната го добил епитетот „град херој“. [уреди] СтопанствоПрилеп е центар на производство на високо квалитетен тутун и цигари, метало преработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехрамбена и мермерна индустрија (рудникот “Сивец“). Тутунот е еден од Прилепските традиционални култури што успева во Македонската клима. Многу од големите светски производители на цигари го користат Прилепскиот тутун откако ќе се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за Тутун за креирање на нови видови тутун, тоа било прв пример за примена на генетиката во земјоделството на Балканот. Повеќето жители на Прилеп опстојуваат со производство на тутун, кој потоа се откупува од Тутунскиот Комбинат во Прилеп. Покрај тутуно-производството во Прилеп, од големите индустриски претпријатија работат и Прилепската пиварница, мермерниот комбинат, индустријата за висока технологија „Микросам“ кој е позната во светот по големиот број произведени роботи и разни технолошки изуми, повеќе фабрики за мебел, градежни материјали и воена опрема. [уреди] Образование[уреди] Високо образование[уреди] Средни училишта
[уреди] Основни училишта
[уреди] Култура
[уреди] Уметност и архитектураПостојат неколку антички знаменитости во Прилеп, вклучувајќи една кај Маркови Кули, црквата “Св.Никола“ од XIII век, црквата “Св. Успение Богородично“ (“Трескавец“), црквата “Св. Преображение“ и “Могилата на Непобедените“, споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голем римски некрополис и каде се најдени голем број на ѕидини. Римски рушевини се наоѓаат и блиску до Варошкиот Манастир, изграден во стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем број на рано римски гробници, некои со скулптурни релјефи на починатите или од “тракијскиот јавач“ и други споменици од официјална природа, се наоѓаат во двориштето на црквата под јужната падина на Варош. Некои од најголемите споменици биле изградени во ѕидовите на црквата. Најважниот антички споменик е стариот град Стибера ситуриран во ридот Бедем близу Чепигово, во централниот дел на Пелагонија. Манастирот Трескавец, е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон. Старата тврдина била користена од Римјаните, а подоцна Византијците. Во средновековието, Крале Марко ја обновил цитаделата, правејќи ја важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година. [уреди] НаселбиВарош, Центар, Бончејца, Али Чаир, Багеска Ограда, Марино Маало, Рид, Сточен пазар, Точила, Тризла, Џогдере, Шарена Чешма, Под-кули, Чачорица. [уреди] Личности
[уреди] Занимливости
[уреди] Збратимени градови[уреди] Надворешни врски
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||