Помош:Преводи и транслитерации




Селска чешма

• овде можете да поставувате прашања и да дискутирате за Википедија •

Техника

за технички прашања

Википолитика

за прашања поврзани со начелата и насоките на Википедија

Идеи

за предлози и сугестии

Новости

за јавни известувања и новини

Критики

за оставање на конструктивен критицизам за проектот

Other languages

For questions in English or other foreign languages

Правопис и граматика

правописни и граматички прашања и ревизии

Преводи и транслитерации

за помош при преводи на поими и имиња од странски јазици



Тука можете да се обратите за помош или да разјасните некоја несигурност во врска со преводи и транслитерации на имиња или поими од било кој јазик на македонски.

Одговорен референт: --Б. Јанкулоскиразговор 13:07, 8 Јуни 2006 (UTC)





Трир - паралела во германскиот би бил зборот „Krieg“ (војна) кој се чита криг. --Б. Јанкулоскиразговор 12:00, 5 јули 2006 (UTC)
Сфаќам, и јас мислев така. Проблемот е што не се работи за германски, туку за дански, за кој навистина, како холандскиот немам поим како точно се чита. Вообичаено во македонскиот јазик го нарекуваме "Ларс фон Трир", ама од друга страна не сум сигурен колку е тоа правилно. Русите и Бугарите го преведуваат како "Ларс фон Триер". --FlavrSavr 03:11, 8 јули 2006 (UTC)
Јас ти дадов пример од германскиот заради тоа што нам тој ни е појасен, а има ист систем на транслитерација во македонски како и данскиот.
Англиската википедија пишува: ie = i (in names). — Сергеј 16:19, 14 јули 2006 (UTC)

А за бугарските и руските транслитерации - јас не би им обрнувал внимание. Двата јазика имаат катастрофален систем на транслитерација. Тоа е често резултат на нечија првична лоша транслитерација, и следењето на истата низ годините. За бугарите знаеме дека безусловно копираат од русите, така што нивната транслитерација не би ја третирал како засебен ентитет. Што се однесува до русите пак, јас имам зборувано на тема недоследни транслитерации и тие самите си признаваат дека системот им е хаос. Тие вријат од лоши транслитерации (како на пр. „Хюмидор“, а не Хумидор). Јасно е дека тука имаат транслитерирано од англиски зошто на ниеден друг јазик U не се чита како Ю (особено не на шпански). Тоа не е вина википедијанецот кој ја крстил статијата, бидејќи тој само го има следено одамна востановеното име, туку на тие што првично го транслитерирале поимот Humidor на руски некаде во раниот 19-ти век. --Б. Јанкулоскиразговор 14:51, 12 јули 2006 (UTC)

  • Линус Торвалдс. Тука сè е јасно: на латиница се пишува со „о“, тако и го пишуваме. Ама во шведски буквата „о“ често се чита како „у“, и тука е исто такав случај. Во руската википедија веќе имаме обговорено оваа проблема. Можеби ќе смениме неговото име на правилно? — Сергеј 09:32, 16 јули 2006 (UTC)
Да. Во шведскиот јазик „О“ звучи нешто како „У“ (повеќе накај „У“ отколку накај „О“). Затоа треба да се транскрибира како „У“. Но се јавува проблем кога ќе се спореди со другите претходни транскрипиции на шведски имиња во македонски - имено оние што почнуваат со „О“. Името „Olaf“ ние одсекогаш сме го транскрибирале како „Олаф“. Дали „О“ при почетокот, сепак се чита како О не сум сигурен, треба да проверам. Можеби и ова е традиционална грешка. --Б. Јанкулоскиразговор 21:09, 17 јули 2006 (UTC)
  • Hello! Can you please translate a phrase for me? What would be Macedonian translation of Russian "Вместе - мы сила" or Serbian "Заједно смо јачи"? --George D. Bozovic 14:11, 21 октомври 2006 (UTC)
  • Russian "Вместе - мы сила" - Macedonian „Заедно, ние сме сила“; Serbian "Заједно смо јачи" - Macedonian „Заедно сме посилни“. --Корисник: mice 17:02 31 јануари 2007 (UTC)

А како да направам превод на страница од англиски на македонски и притоа се да биде легално? Заинтересиран сум да преведам некои страни кои би биле од корист, и за кои јас се намачив да најдам податоци на македонски (се работи за печурки)

Википедија како проект (без разлика на кој јазик е) е слободна енциклопедија. Сите текстови се под ГНУ Лиценца, што значи дека можеш слободно да преведуваш од англиската на македонската Википедија. Преводот од англиската Википедија (а и било која друга) ќе ти биде легален. Boyan 17:07, 25 мај 2007 (UTC)

kredyt mieszkaniowy żarty Perfumeria Vision Kredyty mieszkaniowe Teksty wykonawców na Z koszulki bawełniane Yerba mate opakowania Szczyrk Wypożyczalnia Pyrzowice Zbuntowani - Rebelde honda crv Atari Gry Irlandia Dublin kick koparki Bułgaria wczasy Karaoke tani kredyt hipoteczny COOLsurf