|
|
|
Помош:Акцентирани македонски буквиОва е мало упатство за примена на акцентираните македонски букви È, è, Ѝ, ѝ, Ô, ô кај разните прелистувачи.
[уреди] Windows XP/2000/ME/98[уреди] Internet ExplorerInternet Explorer ги препознава знаците È, è и Ô, ô, но за да се видливи знаците Ѝ и ѝ, мора да се вметнат во соодветниот шаблон во облик {{Уникод|Ѝ}} или {{Уникод|ѝ}} за да бидат видливи. Копчето за овој шаблон се наоѓа во алатникот на дното на страницата. [уреди] Останати пребарувачиПребарувачите Mozilla Firefox и Opera ги препознаваат сите овие букви без никакви додатоци. [уреди] Linux[уреди] ПребарувачиНајголемиот број на пребарувачи како Galeon, Konqueror, Mozilla, Mozilla Firefox, Opera и други ги препознаваат сите овие букви без проблеми доколку имате инсталирано поддршка за македонски јазик. [уреди] Внесување на знацитеЗа внесување кој било од знаците под Windows користете ја комбинацијата ctrl+shift+уникодната шифра на знакот, додека за Линукс користете ctrl-shift+U+уникодната шифра на знакот. На пример за под Windows да внесете È, држејќи ctrl и shift истовремено, ги притискате копчињата 4, 5 и 0; за да внесете Ô, држејќи ctrl и shift истовремено, ги притискате копчињата D и 4. Соодветната варијанта под Линукс би била: држејќи ctrl и shift истовремено, ги притискате копчињата U, 4, 5, 0. [уреди] ШифриШифрите Уникод за акцентираните македонски букви се следниве:
[уреди] Понатамошна помошДоколку и по читањето на ова упатство и следењето на упатствата содржани во него имате некаков проблем или пак нешто сè уште не ви е јасно, слободно побарајте помош на порталот. |