|
АлатникДруги јазици
|
Летни олимписки игри 2008
Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX Олимпијада се одржаа со почеток на 8 август, 2008, до 24 август, 2008, со церомонијата на свечено отварање којашто започна во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Некои настани се одржуваат надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во Чинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тиенџин), јавачкато натпреварување (во Хонг Конг) и натпреварувањето во едрење (во Чингдао). Ова ќе биде третиот пат Олимпијадата да се одржува под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонг Конг и Кина се натпреваруваат одделно). Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „џинг“(京, со значење главен град), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, Eден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од МОК. Кинеската влада ги промовираше игрите за да го истакне кинеското пробивање на светската сцена.[1][2] Постоеја големи грижи од евентуалното бојкотирање на Олимпијадата од страна на поголемите нации во протест на кинеските акции во Тибет.[3][4][5] Порано во 2007, поранешниот претседател на MOK, Хуан Антонио Самаранч, изјавил дека верува во игрите на 2008 Пекинг, кои можат да бидат, по негово мислење, „најдобри во олимписката историја.“ [6]
[уреди] ИзборПекинг беше избран за град-домаќин на 13 јули 2001 на 112-тата сесија на МОК во Москва, победувајќи ги Торонто, Париз, Истанбул и Осака. Пред одржувањето на сесијата, 5 града (Бангкок, Каиро, Хавана, Куала Лумпур и Севилја) кои беа кандидати беа елиминирани уште во 2000. По првиот круг од гласањето, Пекинг имаше големо водство пред останатите 4 кандидати. Осака доби само 6 гласови и беше елиминиран. Во вториот круг, Пекинг доби апсолутно мнозинство по што ги победи конкурентските градови без потребата од понатамошни кругови на гласање.[7] По изборот, вицепремиерот на Кина Ли Ланчинг изјави „Победата на Олимпискиот избор за 2008 е пример за меѓународното признавање на кинеската социјална стабилност, економскиот развој и здравјето на кинеските луѓе“. Претходно, Пекинг беше кандидат за град-домаќин на Летните олимписки игри - 2000. Тогаш, во првите 3 круга Пекинг беше во водство, но во клучниот четврти и последен круг загуби од Сиднеј на изборот одржан во 1993. [уреди] Подготовки[уреди] Спортски собиралиштаДо 27 мај 2007 изградбата на сите триесет и едно спортско борилиште за игрите во Пекинг беше започната.[8] Кинеската влада инвестираше во реновирањето и изградбата на 6 борилишта надвор од Пекинг како и на педесет и еден тренинг-центар. Најголеми архитектонски дела ќе бидат Националниот стадион, Националната затворен стадион, Националниот собирен центар, Олимписката младост и Културниот и спортски центар Вукесонг. Речиси 85% од буџетот за изградбата на шесте најголеми спортски зданија ($2.1 милијарда, 17.8 милијарди јуани) беа издвоени од корпорациски избори и тендери. Инвестиците беа очекувани од корпорациите по барањето за сопствеништво на правата по Летните олимписки игри - 2008. Некои од спортските борилишта ќе и бидат на располагање на Државната генерална спортска агенција којашто ќе ги користи како простор за одвивање на најзначајните идни национални тимски настани. Некои настани ќе се прослават надвор од Пекинг, како натпреварите во фудбал (во Чинхуангдао, Шангај, Шенгјанг и Тиенџин), натпреварите во едрење (во Чингдао) и коњичките натпревари (во Хонг Конг, поради „сомнението од очни болести на коњите и големите потешкотии за создавање на зона без таквите болести“).[9] Ова ќе биде по трет пат во историјата на Олимписките игри, натпреварите да се одржат во две држави. (Кина и Хонг Конг настапуваат одвоено на Олимписките игри). [уреди] Национален стадион - ПекингГлавно место на Летните олимписки игри - 2008 зазема Националниот стадион во Пекинг, наречен „Птичје гнездо“ поради неговата надворешна структура.[10] Изградбата на зданието започна на 24 декември 2003. Олимпискиот стадион Гуангдонг беше планиран и изграден за игрите, но сепак одлуката да се изгради нов стадион во Пекинг беше донесена.[11] Владата избрала архитекти од секаде на натпревар за дизајнери. Швајцарската архитектонска фирма Херцог & де Мојрон (Herzog & de Meuron) соработувала со кинеската Група за истражување и дизајн и победила на натпреварот. Стадионот ќе има решетки во форма на скелет кои формираат вдлабнатина, а капацитетот на стадионот изнесува 80.000 столчиња. Архитектите дизајнот на стадионот го опишале како птичје гнездо со огромен окуларен отвор со кров на повлекување. И покрај тоа, во 2004, идејата за кров на повлекување беше отстранета од економски и безбедносни причини. На Националниот стадион во Пекинг ќе се одржат церемониите на отворање и затворање на игрите, атлетските натпрревари и фудбалските финалиња. Дизајнерот на стадионот Аи Веивеи наскоро ја откажа поддршката за организација на кинеските Олимписки игри, велејќи дека „повеќе не сака ништо да соработува со нив“.[12][13] [уреди] ПревозВо подготовките во пресрет на големиот метеж, Пекиншката метро организација одлучи двојно да го зголеми капацитетот на линиите. Претходниот систем беше составен од 4 линии и 64 станици. Додатните 7 линии коишто беа додадени и повеќето од 80 нови станици вклучуваат и превоз директно од Пекиншкиот главен меѓународен аеродром. На аеродромот, 11 возови без екипаж со капацитет од по 83 луѓе ќе ги превезуваат луѓето до последната станица.[14] Голем број од нив се пуштени во употреба од 30 јуни 2008, два месеци пред почетокот на игрите. Во јануари 2007, Пекиншкиот оргазиционен комитет изјави дека возилата во подземната железница ќе бидат опремени со видео монитори на кои ќе може да се следат најновите вести и настани за време на игрите. Како додаток на ова, мобилните телефони ќе даваат посебни сигнали со што луѓето ќе можат да ги употребуваат своите комуникациски средства на станиците за метро и во подземната железница.[15] Во основа, Пекинг е одреден да намени триесет и осум официјални јавни транзитни правци коишто ќе бидат поврзани со спортските борилишта. За време на игрите ќе бидат управувани 2.500 големи автобуси и 4.500 минибуси од 8.000 луѓе коишто ќе ги превезуваат луѓето до соодветното место на настанот. Пред игрите, јавниот транспорт ќе биде оптимизиран со тоа што 110 линии кои до некаде се поклопуваат ќе бидат намалени.[16] Пекинг ќе имплементира рационализација на патните простори врз основа на големиот број поштенски пратки за време на игрите со намера значително да се унапреди авиотранспортот во градот.[17] Под сообраќакниот план на јавноста направен на 20 јуни 2008, рационализацијата ќе биде наметната 2 месеца, од 20 јули до 20 септември вклучувајќи го и периодот за одржување на Параолимписките игри од 6 до 17 септември. [18] Рестрикциите ќе бидат спроведувани во некои денови зависно од чудниот или сличен број на поштенски пратки. Оваа мера се очекува да опфати 45% од 3.3 милионите автомобили по улиците. Во прилог на ова, 300.000 тешкотоварни возила добија забрана од 1 јули, а планот се спроведува и на многу други возила коишто пристигнуваат надвор од Пекинг. Густата јавна транспортна мрежа се очекува да ги оправда овие потреби, проценувајќи дека по улиците на Пекинг ќе се превезуваат дополнителни 4 милиони патници.[19][20] [уреди] Маркетинг[уреди] Лого, слоган и маскотиЛогото за Летните олимписки игри - 2008 е со наслов „Разиграниот Пекинг“(舞动的北京). Логото е комбинација од традиционалната кинеска црвена душа и приказ на кинеската калиграфска буква jing(京, „национален главен град“) со атлетски елемент. Отворените раце на калиграфскиот збор ја симболизираат поканата на Кина до целиот свет да дојде ида ја сподели кинеската култура. Претседателот на МОК Жак Рог беше многу среќен поради логото, велејќи „Вашето ново лого веднаш ја пренесува импресивната убавина и сила на Кина којашто е воочлива во вашето наследство и во вашите луќе“.[21] Слоганот за Летните олимписки игри - 2008 е „Еден свет, Еден сон“(упростено: 同一个世界 同一个梦想; традиционално: 同一個世界 同一個夢想; пин-јин: Tóng Yíge Shìjiè Tóng Yíge Mèngxiǎng.)[22] Слоганот го повикува целиот свет да му се придружи на Олимпискиот дух во изградбата на подобра иднина за човештвото. Слоганот беше избран во конкуренција на 210.000 испратени од целиот свет.[23] Маскоти на игрите се 5 Фува („кукла за добра среќа“). Фува се сосотои од 5 члена коишто се споени: риба, џиновска панда, оган, тибетанска антилопа и ластовичка. Тие приближно соодветствуваат со петте елементи: вода, метал, оган, дрво и земја. Секоја Фува си има посебна боја, како боите на Олимписките кругови коишто ги симболизираат петте континенти. Петте Фува се викаат Беибеи, Жингжинг, Хуанхуан, Јингјинг и Нини. Кога за прв пат имињата беа кажани заедно се доби фразата Шаблон:Linktext (Běijīng huānyíng nĭ) што значи „Пекинг ве пречекува“.[24] [уреди] ВлезнициВо април 2007, повеќе од 7 милиони [25] влезници за спортските настани и церемонии беа продадени. Околу 75% од влезниците беа продадени откако Пекиншкиот организационен комитет одлучи да одреди пониски цени за домашниот народ, со цел да ги охрабри Кинезите да присуствуваат на игрите. Влезниците наменети за продажба во странство се достапни во националните олимписки комитети.[26] Во јуни 2007, веќе беа продадени 2.2 милиони влезници.[27] [уреди] Трговија со сувенириОд почетокот на 2007, продавниците со Олимписки сувенири започнаа да работат насекади во Кина. Повеќе од 800 официјални продавници беа отворени кон крајот на јули 2007. Од август 2007, Олимписката трговија стана достапна онлајн, со повеќе од 5000 производи достапни преку официјалната веб-страна во кои спаѓаат облека, маскотите, приврзоци и незаборавни стапчиња за јадење.[28] Во ноември 2007, прекуокеанската електронска трговија беше овозможена насекаде во светот, освен во Кина, Јапонија, Обединето кралство, Канада и САД.[29] Кинеската централна банка исто така издаде нови 10 банкноти јуани без сликата на Мао Це Тунг. [30] [уреди] МузикаОфицијалната тема за пренесувањето на Олимпискиот факел беше „Запали ја страста, Сподели го сот“ [31] со препев на англиски јазик од 106 учеснички на Мис на светот 2007. [32] Официјалната песна на прославата на одбројувањето на една година од Олимписките игри носеше наслов „Подготвени сме“[33] напишана од Џеки Чен[34] „Běijīng huānyíng nĭ“ („Пекинг ве пречекува“) беше насловот на песната на прославата на одбројувањето на последните 100 дена од Олимписките игри.[35] „Јас сум ѕвезда“ и „Насмеаниот Пекинг“ беа избрани за песни на Пекиншкиот волонтерски олимписки комитет .[36] [уреди] Церемонија на отворањеЦеремонијата на свечено отворање на Олимписките игри се одржа на Националниот стадион во Пекинг на 8 август 2008 и ќе започне во 08:08:08 попладне по (кинеско централно време) (12:08:08 UTC). [уреди] СпортовиПрограмата за Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг е слична со онаа на Летни олимписки игри - 2004 во Атина. На игрите, споретистите ќе се натпреваруваат на 302 натпревари (165 машки, 127 женски и 10 мешани натпревари) во 28 спортови. На игрите ќе се одржи само еден натпревар повеќе од игрите 4 години пред тоа одржани во Атина. Се на се ќе се одржат 9 нови натпревари, вклучувајќи два во новата BMX дисциплина во велосипедизам. Атлетичарките за прв пат ќе трчаат во трката на 3000m со пречки. Во прилог на тоа, натпреварите во маратонско пливање за мажи и за жени на растојание подолго од 10km ќе бидат префрлени во пливачка дисциплина. Тимските натпревари во пинг-понг (за мажи и за жени) ќе бидат префрлени во дисциплината во игра на двојки. Во мечување екипните натпревари во флорет и сабја за жени ќе бидат префрлени машкиот тимски натпревар во флорет и во женскиот екипен натпревар во меч.[b] [37][38] Пекиншкиот организационен комитет изработи пиктограми за 35 Олимписки дисциплини. Оваа збирка на спортски икони е наречена убавината на карактеристиките на душата поради тоа што сите наликуваат на кинеските ракописи на душата.[39] Наведените спортвои се спортовите во коишто ќе се одржат натпреварите на игрите. Бројот на натпртевари во секој спорт е даде во заграда.
[уреди] КалендарНа следниот календар за Летните олимписки игри - 2008, секое бело квадратче означува натпреварување во одреден спорт на одреден ден во фаза на квалификации. Секое жолто квадратче означува финално натпреварување во одреден спорт и на одреден ден. Бројот запишан во овие квадратчиња го означува бројот на финални натпревари во тој спорт и на тој ден.[40]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||