|
АлатникДруги јазици
|
Краков
Краков (полски: Kraków) е град во јужна Полска, над Висла. По Варшава и Лоѓ трет по големина во Полска според бројот на жители; по Варшава втор по големина според територија; Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Во минатото Краков беше административен центар на Полска и седиште на полските владетели. Краков е главен град на Малополското војводство и историската Малополска. Градот се наоѓа на спојот на неколку географски територии: Брама Краковска, Сандомиерска котлина, Ошвенчимска котлина и Погуже Западнобескиѕке. Издолжена оска на градот е долината на Висла. Речната мрежа ја сочинуваат Висла, нејзината десна притока Вилга и левите притоки: Рудава, Бјалуха, Длубина, Санка и други. Денес Краков е повјатски град и седиште на властите на Малополското војводство. Во Kраков се наоѓаат седиштата на институциите како: „Полска Академија на Уметностите“, „Стариот народен театар“, „Народен Музеј“, „Библиотека Јагелонска“ и др. Градот има многу важна административна, културна, образовна, топанствена и туристичка функција. Тој е клучна патна и железничка крстосница. Во близина на Краков се наоѓа втор по големина аеродром (Балице) во Полска со меѓународно значење до кој од градот може да се стигне со помош на железница. [уреди] ИмеСпоред легенда, запишана кон крајот на XII век од Кадлубек, името на Краков доаѓа од името на принцот Крак. Името на градот во други јазици: Cracovia(лат.,шпански,италијански), Krakow (англиски, иако во минатото почесто се употребуваше Cracow), Krakau (германски), Cracovie(француски), Krakkó (унгарски), Краків украински), Krakov (קרקוב еврејски), Kurakufu (јапонски), Krakov (чешки и турски), Kèlākěfū (кинески). |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||