|
АлатникДруги јазици
|
ИстанбулИстанбул (турски: İstanbul) (или Стамбол или Цариград, а во времето на Византија - Константинопол) е најголемиот град во Турција и најголем град во светот по број на градско население со 13 421 000 жители(од декември 2007 година) . Истанбул се протега на два континента. Источниот дел е во Азија, а западниот е во Европа. На југ од него се простира Мраморно море, а на север — Црно море. За да се стигне по вода од Црното во Средоземното и Егејското море, треба да се помине низ Босфорот и Истанбул. Истанбул е град со вековна историја и затоа и местата коишто се многу привлечни за посетување се многу на број. Некои од нив се: • Топкапи сарај (двор) (Topkapı saray) — во време на Османската Империја, замокот бил резиденција на турските султани. • Света Софија (Hagia Sophia, Aya Sofya) — црква којашто била претворена во џамија по заземањето на Византија од страна на Турците. • Капали Чарши (Kapalı Çarsı) — покриен пазар • Џамија Султан Ахмед (Sultan Ahmet) — позната и како „Сината џамија“ во Истанбул • Улица Истиклел (İstiklal Caddesi) — познат булевар во Истанбул • Златниот рог (Halıç) — залив на Босфорот • Кулата Галата (Galata Kulesi) — кула во населбата Галата • Долмабахче сарај (Dolmabahçe Sarayι) — резиденцијата на Мустафа Кемал Ататурк, сега музеј • Плоштад Таксим (Taksim Meydanı) — плоштад Истанбул денес е седиште на Вселенската патриjаршија. [уреди] ИсторијаПрва населба на местото на денешен Истанбул основале грчките колонисти во 667 година п.н.е. и името го добила според кралот на Византија Бизас. Со граѓанската војна од 196 година, Септимиј Север го разрушил градот, но по заземањето на градот, тој повторно го „изградил“. Во времето на Константин Велики, тој решава на тоа место да подигне нова престолнина којашто ќе биде втора по вечниот Рим, и во 330 година го основа под името Нов Рим. Но ова име не било прифатено од страна на месното население и со тек на времето сѐ повеќе започнувало да се користи името Константинов град или Константинопол. По распадот на Римското царство, Константинопол бил преименуван во Цариград и тој станува главен град на новосоздаденото источно царство- Византија. Со оглед на добрата местоположба, Цариград се развивал многу брзо и во тоа време станал најбогатиот и најразвиениот град во светот. Со започнувањето на Крстоносните војни, крстоносците успеваат да го освојат во 1204 година. Со ова Цариград станува седиште на Латинското царство се до 1261 година, кога бил „ослободен“ од страна на никејскиот цар Михаил VIII Палелога, кој го обновува Византиското царство. Турскиот султан Мехмед II успева да го освои градот на 29 мај 1453 година со што градот претрпел уште едно пљачкосување и разрушување. Цариград, како престолнина на Турската империја, доживува голема промена. Најголемата црква, Света Софија (Аја Софија) како и уште неколку цркви во градот биле претворени во џамии. И бидејќи секој султан сакал да ја покаже својата моќност, секој од нив градел барем по една џамија низ градот. Најубава и најголема е Сулејмановата, потоа Фатиховата, а и Ахметовата џамија. Со основувањето на Турската република во 1923 година, престолнината била преселена во Анкара, а градот од 1930 година се нарекува Истанбул. [уреди] КлимаКлимата во најголемиот град на Турција е умерено-континентална, погодна за дел од почвата да се користи во земјоделието. [уреди] Градски населбиАдалар, (Avcılar), (Bağcılar), (Bahçelievler), (Bakırköy), (Bayrampaşa), Бешикташ, Бејоглу, (Büyükçekmece), (Beykoz), (Çatalca), (Eminönü), Ејуп, (Esenler), Фатих, Газиосман Паша, (Güngören), (Kadıköy), (Kağıthane), Картал, Кучукџемекче, (Maltepe), Пендик, (Sarıyer), (Silivri), (Sultanbeyli), (Şile), (Şişli), Тузла, (Ümraniye), Искидар, (Zeytinburnu)
|