|
|
Зулу јазик
Зулу (наречен и isiZulu на Зулу јазик) е јазик на народот Зулу со околу 10 милиони луѓе што го говорат, од кои 95 % живеат во Јужноафриканска Република. Зулу е најраспространетиот домашен јазик во Јужноафриканска Република (околу 24% од населението) но исто така и разбран од 50% од населението во Јужноафриканска Република. Тој стана еден од 11- те официјални јазици во Јужноафриканската Република во 1994 година.
[уреди] Географска распространетост
Зулу припаѓа на Југоисточната група на Банту јазиците поточно на Нгуни групата. Јазикот е зборуван во Квазулу- Натал во која 81 % од населението зборуваат Зулу како мајчин јазик. Потоа се зборува во Мпумаланга со околу 26% и Гаутенг со околу 21%. Исто така е зборуван во некои други африкански држави, но со значителен процент во Лесото и Свазиленд. Јазиците Ндебеле (зборуван во Зимбабве), Сисвати или Свази и Нгуни јазикот (порано зборуван во Малави) се сродни јазици на Зулу и развиени од 19 век со миграција на Зулу население. Јазикот Коса, доминантен во Зеленортската Република е сличен со Зулу јазикот.
|