|
Алатник |
Википедија:Ситна променаДодавање на ознака во рубриката Ова е ситна промена значи дека сте направиле само површни промени меѓу новата и старата верзија, на пример:
Едноставно, мала промена е онаа за која уредникот верува дека не треба преглед и дека таа никогаш не може да биде спорна. Спротивно од тоа, поголема промена е верзија која треба да биде прегледана, да се потврди дека со неа се согласуваат сите заинтересирани уредници. Така, било која промена која го менува значењето на статијата не е мала, дури ако сме промениле и само еден, единствен збор. Разликата меѓу мали и поголеми промени е важна, бидејќи соработниците можат да не обрнат внимание на измените кои се означени како ситни при преглед на скорешните промени; пријавените корисници можат да ги направат своите прилагодувања на тој начин што тие воопшто нема да се прикажуваат. Ако мислите дека постои било каква можност друг уредник да ги оспори вашите промени, ве молиме, немојте да ги означите како ситни. Сорабониците кои не се пријавени не можат да ги обележат ситните промени, заради спречување на потенцијален вандализам. Можноста за означување на ситни промени е уште една причина за регистрација. [уреди] Кога да ја означите промената како мала
[уреди] Што треба да се запамети?
Кога статусот на страницата е спорен, особено ако се подготвува „уредувачка војна“, најдобро е ниту една промена да не се означува како ситна, со исклучок на отстранување на очигледен вандализам. Ако случајно означите некоја промена како мала, направете уште една измена, на пр. додадете празно место меѓу два збора (некои видови на промени, како додавање на празен ред на крајот од статијата автоматски се занемаруваат), а потоа во описот означете дека претходната промена била голема. Секое несогласување околу ситните промени треба да се дискутираат на страниците за разговор. [уреди] Види исто така |