|
|
Википедија
Википедија е онлајн енциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија во 187 различни јазици спонзорирани од страна на непрофитната Фондација Викимедија. Информациите поврзани со традиционални енциклопедиски теми стојат напоредно со теми од алманаси, газети и актуелни настани. Целта на Википедија е да создаде „свет во кој што секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“ Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Мрежата, примајќи околу 50 милиони погодоци на ден.
Името е кованица од Вики, хавајски збор што значи „брзо“, а бил присвоен да опише еден вид на соработнички софтвер и зборот „енциклопедија“.
[уреди] Јазични изданија
[уреди] Надворешни врски
- Врски до содржина создадена под проект на Викимедија фондацијата
|