|
 |
Оваа страна претставува прирачник за стилот на македонската википедија. Општо е прифатен стандардот дека уредувачите треба да ги следат наведените правила, иако истите може да се користат понекогаш и со некои исклучоци. При уредувањето на оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека вашата промена рефлектира консензус. При двоумење, дискутирајте прво на страницата за разговор. |
[уреди] Именување на статии
- Ако веќе постои друга нефилмска статија со името на филмот што сакате да го создадете, создадете страница за пренасочување и користете (филм) во насловот.
Пример: Наслов на филм (филм)
- Ако веќе постои статија за некој филм со ист наслов како името на филмот за кој сакате да направите статија, додадете
(филм од ГОДИНА) во насловот.
Пример: Наслов на филм (филм од 1996)
Исто така, направете промена и на веќе постоечката статија за другиот филм, со тоа што ќе ја преместите статијата во нов наслов од форматот Наслов на филм (филм од ГОДИНА).
- Секогаш користете соодветен македонски превод на насловот на филмот. На пример, Kill Bill од англиски ќе се преведе како Убиј го Бил, додека пак Cidade de Deus од бразилски ќе се преведе како Градот на Бог. Сепак, секогаш создавајте страници кои пренасочуваат од оригиналниот наслов на филмот до статијата чиј наслов е на македонски. Доколку навистина не сте сигурни за македонскиот еквивалент на насловот, оставете го насловот во оригинал и дискутирајте за насловот на страната на проектот.
- Понекогаш преводот на насловот не се совпаѓа со името под кое филмот е популарен под нашите простори, односно насловот е преведен на друг начин. Пример претставува култниот филм Ајкула, чиј оригинален наслов на англиски е Jaws. Буквалниот превод на „jaws“ на македонски е „вилици“ и доколку создадете статија под наслов Вилици (филм), ќе настане проблем. Затоа бидете информирани за тоа како е познат филмот во нашето поднебје. Ако сте во двоумење, дискутирајте за насловот на страната на проектот.
- Внимавајте на македонскиот правопис. Најчеста грешка се јавува во користењето на големи букви во наслови од повеќе зборови. Во англискиот јазик, на пример, сите зборови освен сврзниците и предлозите се со голема буква - The Lord of the Rings - The Fellowship of the Ring. Погрешно е ако го преведеме овој наслов како Господар на Прстените - Дружината на Прстенот. Правилно е: Господар на прстените - дружината на прстенот. При тоа, треба да се внимава на личните имиња, кои се пишуваат со голема буква. Пример:
- The Citizen Cayne
Граѓанинот кејн
- Граѓанинот Кејн
- Внимавајте на можните варијации на насловот на еден филм. Ова е особено случај за филмови со долги наслови. Пример е филмот 2001: A Space Odyssey, преведен како 2001: Вселенска одисеја. Друга варијанта на истиот наслов е Вселенска одисеја 2001 или Вселенска одисеја: 2001. Забележувате дека по двете точки(:) секогаш се остава празно место. Значи можни варијации на насловот се:
- 2001: A Space Odyssey (оригиналниот наслов)
- 2001: Вселенска одисеја (насловот под кој е познат филмот кај нас)
- Вселенска одисеја 2001 (друга, легална верзија на насловот)
- Вселенска одисеја: 2001 (трета верзија на насловот)
2001:Вселенска одисеја (неправилно, не е оставено празно место по двете точки)
2001: Вселенска Одисеја (неправилна употреба на голема буква)
- Статијата се пишува под вториот наслов, а за другите верзии правете пренасочувања.
[уреди] Категоризација
Статијата треба да содржи категории на дното од страната. Сместувајте ги категориите над интервикијата. Во статиите за филм, под минимум имајте ги следниве категории:
- Година на издавање -- Категорија:Филмови од 1993 (внимавајте на форматот,
Филм од XXXX . Погрешни варијанти - 1993 филм или 1993 Филм (ова е многу погрешно, напишано со голема буква и плус форматот е згрешен)).
- Земја/земји на потекло -- Категорија:Американски филмови или на пр. Категорија:Македонски филмови
- Јазик -- Категорија:Филмови на англиски јазик или на пр. Категорија:Филмови на шведски јазик
- Жанр -- Категорија:Авантуристички филмови (Видете филмски жанр за повеќе информации при поделбата на филмовите по различни критериуми)
Земете ја во предвид дрвовата структура на категориите. Една категорија може да содржи повеќе поткатегории. Така, категоријата Американски филмови е поткатегорија на категоријата Филм. Затоа не ставајте ги и двете категории, на пример, Категорија:Филм заедно со Категорија:Американски филмови. Оставете ја само хиерархиски најниската категорија, Категорија:Американски филмови во погорниот пример.
|