|
|
|
Ацо ЈовановскиАцо Јовановски е еден од легендите на македонската драмска сцена. Тој е филмски, театарски и телевизиски актер. Ацо е од првата генерација на дипломирани актери. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави, филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм “Фросина” во 1954 година. Според неговите актерски остварувања може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии,историски драми и филмови со современа тематика(2).За нив има добиено многу награди:за животно дело,за ролји и еден орден за труд.Ацо е единствениот македонски актер,кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата “Славица”.
[уреди] Основни биографски податоциАцо Јовановски е роден на 31 декември 1930 година во Скопје. Детството, младоста, школувањето и комплетната работа досега го поминал во Скопје. Роден е во маалото кое тогаш го викале ”Циган Маало”. Татко му бил чиновник, а мајка му домаќинка. Инаку има и шест браќа и сестри. Со големо залагање на неговиот татко успеал да ги одгледа сите. Како дете бил палав. Во детските години тој заедно со своите другари се криеле од родителите и оделе на плажа на Вардар. Тој многу сакал да оди на претстави но тогаш настапила Втора Светска војна. Во 1941 година во периодот на војната бугарите дошле и направиле ансамбал од познати бугарски артисти. Тоа било втор ансамбал по квалитет во Царствотвото Бугарија. По војната, во 1944/45 година се формирал македонски театар, кој што бил многу посетуван од народот како и од Ацо, бидејќи се зборувало на македонски.За тоа Ацо вели: “ Одевме со големо задоволство да гледаме претстави, конечно на својот мајчин јазик “. Тогаш за прв пат ги сретнал Петре Прличко, Тодорче Николовски, Илија Милчин, Марија Бошкова, Илија Џувеликовски... Некаде во 1948 година излегол конкурс за Глумечка школа каде во конкуренција од околу 40-50 души, го примиле и Ацо. Тогаш го почнал своето тригодишно школување. Во последната година од глумачката школа го ангажирале во првиот македонски филм “Фросина”. По земјотресот во 63 Ацо Јовановски оди во МНТ каде се задржува 13 години, каде станува еден од најдобрите македонски глумци. До идењето во пензија во 1995 година има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.(1) [уреди] Актерски дејностиЗа прв пат Ацо Јовановски се појавува во филмот “Фросина” каде го игра главниот машки лик Климе, синот на Фросина. Во претставата “Долго патување во ноќта” , го игра Едмонд, во “Пепелашка” го игра главниот лик Принцот, Турчинот во “Манде”, но најважната улога за Ацо е Третљов во атесата “Галеб” на Чехов. Оваа се само дел од актерските дејности на Ацо Јовановски кој во својот актерски живот има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.(1) [уреди] ТеатарУлоги на Ацо Јовановски:
[уреди] ФилмАцо Јованосвки во својата кариера има одриграно над 40 улоги во следните филмови: Табела 3. Филмови во кои настапувал Ацо Јовановски преземено од (3)
[уреди] Награди
[уреди] Литература1. http://www.vest.com.mk/default.asp?id=479&idg=1&idb=165&rubrika=%40ivot(македонски дневен печат “Вест Година: 1 Број:165 Четврток 1/25/2001”) 2. http://www.maccinema.com/avtor_detali.asp (македонски информационен филмски центар) 3. http://www.imdb.com/name/nm0431316/(The Internet Movie Database IMDB) |