|
АлатникДруги јазици
|
Алкин
Модел на алкинот познат како етин.
Алкините се незаситени јаглеводороди во чии молекули постои една тројна врска меѓу два јаглеродни атоми. Првиот член од алкините, етин (или ацетилен), содржи два јаглеродни атоми сврзани со тројна врска. При образувањето на тројната врска јаглеродните атоми мора да се sp хибридизирани, што значи дека кај секој од двата јаглеродни атоми се образуваат две хибридни sp орбитали, а им преостануваат уште по две нехибридизирани p орбитали. Јаглеродните атоми се сврзуваат меѓусебно со по една од хибридните орбитали, а со другата со по еден водороден атом, образувајќи притоа σ (сигма) врски. Хибридните sp орбитали лежат долж една права, па според тоа двата јаглеродни атоми и водородните атоми сврзани за нив лежат, исто така, на една права. Преостанатите две нехибридизирани p орбитали на секој од C-атомите се сврзуваат меѓусебе со бочно препокривање градејќи две π (пи) врски, кои стојат нормално една во однос на друга и нормално во однос на σ врските. На ваков начин во молекулата се образува тројна врска. Значи, во молекулата на етинот се образува една тројна врска и две единечни врски, односно три σ и две π врски. Алкините со поголем број јаглеродни атоми имаат иста градба во делот од молекулот кадешто е присутна тројната врска, а останатиот дел од јаглеродната низа се состои од тетраедарски хибридизирани јаглеродни атоми.
[уреди] Хомолошка низа и номенклатураПоради присуството на тројната врска, бројот на водородни атоми во молекулот на алкинот се намалува за четири во однос на соодветниот алкан. Според тоа, општата формула на хомолошката низа на алкините е CnH2n-2, каде n може да има вредности 2,3,4, итн.
Имињата на алкините според МУЧПХ (IUPAC) се образуваат по истите правила како кај алкените, само што добиваат наставка ин:
Радикалите што се добиваат од алкините во своето име содржат наставка инил. На пример, од етинот се добива радикал етинил. [уреди] ИзомеријаКај алкините има можност за сите три вида на структурна изомерија: изомерија на низата, положбена изомерија и изомерија на функционалните групи. Но, за разлика од алкените, кај алкините не постои можност геометриска изомерија, бидејќи за јаглеродните атоми сврзани со тројна врска не може да се сврзат два различни атоми или атомски групи.
[уреди] ДобивањеАлкините во природата многу малку се среќаваат како слободни. Синтетичките методи за добивање на алкини се слични како оние за алкените и се базираат врз реакции на елиминација. Разликата е во тоа што за да се добијат алкини, од молекулот на заситеното соединение мора да се елиминираат две молекули на водород, или халогенводород, (т.е. елиминацијата се врши во молски однос 1:2). На пример, реакцијата на добивање на најпростиот алкин - етинот (C2H2) од калциум карбид (CaC2) и вода (H2O) се претставува со хемиската равенка: [уреди] Својства на алкините[уреди] Физички својстваАлкините имаат слични физички својства како алканите и алкените. Тие се неполарни соединенија, нерастворливи во вода, а растворливи во неполарни растворувачи. Алкините до петтиот член во низата се гасови, а потоа, со растење на релативната молекулска маса, агрегатната состојба се менува од гасовита во течна (до C16H30), а потоа следуваат цврсти супстанци. [уреди] Хемиски својства (реакции)Поради присуството на тројна врска, т.е. две π врски, алкините се пореактивни и од алканите и од алкените. Тројната врска е покуса и од единечната и од двојната врска, а електроните од тројната врска се сместени поблизу до јадрата на јаглеродните атоми. Поради тоа, кај етинот и кај алкините со тројна врска на првиот C-атом (терминални алкини), водородните атоми релативно лесно можат да се откинат. Ова раскинување е хетеролитичко и притоа се добиваат H+ јони и карбоанјони. Тоа значи дека овие алкини покажуваат делумно кисел карактер. Затоа, реакциите на алкините можат да се поделат во две групи:
[уреди] Видете исто така |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||